Пратениците назад на работа - Уставен утре ќе го свика Собранието?

Сите бараат начин да ги одложат изборите, но никој не го наоѓа. Опозицијата и албанските политички партии се обидуваат преку иницијативи до Уставниот суд и со притисок врз медиумите кои ги држат под контрола да издејствуваат повторно свикување на Собранието и одложување на изборите.
И меѓународниот фактор не седи мирно. Партијата СДПМ ја известила Државната изборна комисија дека била под силен притисок на меѓународната заедница во Македонија да се откаже од изборите.
Јанко Бачев пак се жали дека спротивно на законот му биле отфрлени кандидатските листи и најави тужба до ДИК.
Уставниот суд денеска експресно го смени дневниот ред па не се исклучува можноста утре да ја поништи одлуката за распуштање и да наложи ново свикување на Собранието.
За експертите по уставно право, тоа ќе биде невиден преседан, особено ако се има предвид, дека Уставниот суд, веќе еднаш се прогласи за ненадлежен по ова прашање, кога пратеникот Павле Трајанов поднесе иста иницијатива до него.
Сепак, сите се согласуваат дека доколку Уставниот суд донесе одлука која ќе ги врати пратениците во своите столчиња, таа ќе биде политичка и ќе значи грубо прекршување на Уставот.
Во ВМРО-ДПМНЕ денеска не сакаа да го коментираат ставањето на точката на дневен ред.

 
 
17.05.2016 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега