ФОТО: Центарот за комуникации на СДСМ и прес службата на Ременски се едно исто

Фросина Ременски, денеска во својство на технички министер за труд и социјална политика одржа прес конференција, претходно најавена од страна на Центарот за комуникации  на СДСМ.

Со ова СДСМ и Ременски покажаа дека се најверојатно единствените политчари во светот, кои своите прес конференции како министер ги најавуваат од Центарот за комуникации на партијата, наместо од одделението за односи со јавност на министерството, пишува Курир.

СДСМ лицемерно ви нивен стил, зборуваат за мешање на партијата и државата, а си најавуваат министерски прес конференции преку партија.

Со ова станува и повеќе од јасно за тоа од каде доаѓаат нарачките за партизација на министерството, за унапредувања и разрешувања, на кои јавноста беше сведок изминатиот период.

Инаку и претходно бевме сведоци како СДСМ меша партија со држава, кога пред еден месец лидерот на СДСМ Зоран Заев му забрани на Спасовски да одговори на новинарско прашање кое беше поврзано со неговата функција како министер.

Едно од прашањата беше адресирано директно до Спасовски, а се однесуваше на тоа дали тој има потполна контрола врз силите на МВР во очи на протестите кои СДСМ ги организира и кои редовно завршуваат со повредени полицајци и насилничко однесување од страна на хулиганите на СДСМ.

Заев одговори наместо Спасовски соопштувајќи дека на денешниот прес зад него не стоел техничкиот министер за внатрешни Спасовски, туку генералниот секретар на СДСМ Спасовски.

Јавноста многу добро знае и дека на генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски воопшто не му претставува проблем да ја игра улогата на министер кога криминално потпишува решенија за вработување и унапредување на партиски кадри во министерството за внатрешни работи.

Самиот Спасовски немо го проследи одземеното право на одговор од страна на неговиот лидер, кој една минута пред ова соопшти дека токму неодвоеноста на партијата од државата е една од клучните причини поради кои СДСМ нема да се појави на избори.

 
 
17.05.2016 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега