Платеничката револуција преоѓа во анархија

Платеничката револуција на СДСМ и Сорос преоѓа во анархија. Вандализираат, палат, крадат, кршат, уништуваат се во што е изградено и јавно и одбиваат да ги почитуваат законите, пишува Курир.мк

Мирјана Најчевска која е една од платениците на широкиот список на Сорос беше повикана на разговор во полициската станица Центар (Беко) поради тоа што е идентификувана од страна на полициски службеници како вандализирала објекти, а со боја офарбала и неколку полицајци.

Таа заедно со останатите платеници на Сорос, учесници во платеничката револуција дојде пред полициската станица, истури боја и одби да отиде на информативен разговор на кој требаше да се соочи со доказите за нејзиното хулиганско однесување.

najcevska beko (1)

 

najcevska beko (2)

najcevska beko (3)

Поддршка на Најчевска и дадоа Горјан Тозија, филмски продуцент и поранешен советник во Kабинетот на бившиот претседател, Бранко Црвенковски кој ја сквернавеше Порта Македонија, како професорот Гордан Калајџиев од СДСМ кој со боја удри по Агенцијата за медиуми.

tozija-beko

gordan-beko

Најчевска јавноста ја познава и памети и по бројните навреди упатени кон македонскиот народ.

-Еве, повторно ќе кажам јасно и гласно: македонскиот народ е составен од глуперди и цепаници неделкани. Значи, глуперди низаедни, цепаници неделкани, разбудете се пред да биде ептен доцна, напиша Најчевска на својот Фејсбук профил.

Најчевска во очи на Денот на независноста 8-ми септември на најбрутален начин го навреди македонскиот народ, нарекувајќи го глупав.

-Не, не е шутрачки овој народ. Не е ни уплашен.  Вистината е многу поедноставна.  Овој народ е едноставно глуп. Како цепаница. Неделкана, напиша Најчевска.najcevska-navredi

 

 

 

 
 
25.05.2016 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега