Заев моли за техничка влада но ќе прави како што ќе му кажат странците

Лидерот на СДСМ ќе чека меѓународната заедница да каже дали ќе има техничка влада, пишува Дневник пренесувајќи ја информацијата добиена од извор во СДСМ дека во моментов не се водат меѓупартиски преговори.
Весникот пишува дека партиското раководство на социјалдемократите ќе бара совети од т.н. невладини организации за да ги координираат активностите со цел да се издејствува техничка влада, нема да преземат ништо без поддршката на која се надеваат од дипломатите и од Брисел.
- Ние уште пред две години кажавме дека влада предводена од Никола Груевски и Али Ахмети не може да ја подготвува земјата за избори, и сега е истата ситуација. Потребна е т.н. техничка влада, но ние ништо нема да преземеме во врска со тоа се додека меѓународната заедница не се произнесе кое решение е најдобро. Очекуваме поддршка од неа, па потоа ќе ги соопштиме нашите идни чекори, ако ВМРО-ДПМНЕ и натаму стои на своето, - вели функционерот на СДСМ за Дневник.

И покрај очекувањата на опозицијата, во ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ има единствен став а тоа дека техничка влада ќе има само на 100 дена пред избори.

 

 „Извештајот на Прибе е добра основа за започнување со реформската агенда, за да се стаса до фаза да се имаат кредибилни избори. -Мислам дека оваа влада сега е фокусирана на таа агенда. Се разбира, би било добро тоа да е во согласност и со опозицијата. Опозицијата ја има својата улога се додека не се утврди датумот за избори. Законот е јасен - влада со учество на опозиција се формира на 100 дена пред избори. Ако не се утврди датум за избори, тогаш како датум останува 2018 година, вели Османи.
Идентичен е и ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

 
 
25.05.2016 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега