КУРИР: Последните обиди на Заев да го „фарба“ народот

Претседателот на СДСМ Зоран Заев вечерва ги предводеше вандалските протести во Скопје во кои повторно настрада фасадата на Министерството за правда. Заев се обиде да го релативизира вандалскиот однос кон уништувањето на јавни објекти нарекувајќи го перформанс, а себеси – хулиган, пренесува Курир.

zaev111

-Ова денеска како перформанс на сите нас хулиганите и хулиганките, составен дел на оваа Шарена револуција беше чин на солидарност кон сите овие другари и другарки коишто се под мечот на неправдата и репресијата на оваа власт, рече Заев.zaev1Со овој акт на вадализам, лидерот на СДСМ ја легализира Шарената револуција и го покажа вистинското лице, дека токму тој стои зад неа. Заев со самото тоа ги поттикна демонстрантите и понатаму да ги вандализираат државните институции и културни споменици.canovskiРамо до рамо со сопартијците, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Петре Шилегов, Стефан Богоев, а во придружба и на лидерот на ПЕИ, Фијат Цаноски, опозицијата си го покажа вистинското лице. Заев покажа дека не само што е лидер на опозицијата туку е и лидер на Шарената револуција и не само што стои зад нив туку и ги поддржува во вандалските чинови на сквернавење на државни институции и културни споменици.zaev2За потсетување, првите „перформанси“ на „шарената/платеничка револуција“ започнаа со палење и ограбување на народната канцеларија на Претседателот Ѓорѓе Иванов, а продолжија со вандализирање на споменици на македонската државност, хероите, бегалците, АСНОМ и други споменици и фасади, досега создавајќи штета од повеќе од 200.000 евра според првичните проценки – а истата секојдневно се зголемува.ivanov kancЗа Заев деструктивниот и вандалски однос кон спомениците на македонската историја и државност се чин со кој што се гордее.oboeni-spomenici (1)Со вечерашното лидерство на Заев веќе не постојат дилеми дека потписот зад сите овие срамни дела е на СДСМ и неговото раководство. Веќе нема сомнежи дека не се работи за граѓански протести туку за протести организирани од СДСМ, со единствена цел: деструкција.

Во отсуство на било каква конструктивна идеја, СДСМ се заврти кон палење, ограбување и демолирање и нанесување на штета од стотици илјади евра врз објекти и споменици.

 
 
25.05.2016 - 23:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега