Крвава драма викендов во Македонија: Се скарале па го расекла со нож
Крвава расправија ја потресе Македонија. Во 2 часот и 10 минути од Медицинскиот Центар Кичево во полиција било пријавено дека кај нив бил донесен 19-годишниот кичевчанец Џ.С. со расекотина од нож во пределот на слабината и левата надлактица.
Момчето, според податоците од полицијата, по укажаната лекарска помош било пренесено во Ургентниот во Скопје.
Тој раскажал дека во 01 часот и 30 минути на улицата „М.Јовески“ се напил и започнал расправија со 16 годишна малолетничка со која живеел во вонбрачна заедница, по што физички ја нападнал, а таа во еден момент зела нож од масата и со него го удрила во пределот на левата рака и слабината, нанесувајќи му повреда. Потоа Џ.С. земајќи и го ножот од рака и нанел расекотина на десната рака, по што го фрлил во ходникот од станот, излегол и се упатил во болница.
Ножот бил пронајден и даден за вештачење. Со малолетничката бил извршен разговор во присуство на родител за што бил известен и работник од Центарот за социјална работа во Кичево.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа