Постар скопјанец една година ќе лежи во затвор
Во 11 часот и 40 минути на Граничниот Премин Табановце за влез во Македонија бил уапсен скопјанец по кој полицијата трагала долго време. Се работи за 60-годишниот А.Е. од Скопје кој се барал по распишана телеграма за издржување казна затвор во траење од една година и два месеци, за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Истиот бил приведен во полицијата во Куманово.
29.05.2016 - 12:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа