Неделава средба Груевски-Орешарски

 

Бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин денеска најави средба на премиерите на Македонија и на Бугарија, Никола Груевски и Пламен Орешарски.

- Во моментов ги прецизираме темите за средбата. Последниот контакт на тоа ниво беше ден или два пред поранешниот премиер да си поднесе оставка. Очекувам по средбата да има повеќе информации за роковите кога ќе продолжиме со работа за договорот за добрососедство, изјави Вигенин на прес-конференција во Софија.

- Тимот е подготвен да одговори на покана од страна на Македонија. Ја изразив нашата подготвеност за поскоро потпишување на договорот за добрососедство. Досега нема таква покана. Има извесно придвижување. Се одржаа четири круга (преговори). Но, откако стапив на должност, не се водени преговори. Нема особен притисок во Македонија тоа да се случи, изјави Вигенин.

Шефот на бугарската дипломатија вели дека македонската страна е запозната со бугарските позиции оти потпишување на договорот би отворило пат за добивање датум за преговори на Македонија со ЕУ, пренесува агенцијата „Фокус“.

најчитано сега