Ново правило во Македонија: Уште 17 дена и забрана за возила произведени пред 2005 година

 

Од 1 јули годинава се укинува можноста граѓаните да увезуваат половни возила од Европската Унија со Евро 3- стандард.

Дваесетина дена пред истекот на рокот бројките на Царинската управа покажуваат дека увозниците наголемо ги искористуваат последните денови во кои може да се увезува. Во првите четири месеци од годинава во земјава влегле вкупно 11.936 возила, од кои 9.500 се половни.

Ако се направи споредба со истиот период лани, може да се види дека увозот е речиси двојно поголем.

 Според податоците од Царинската управа, само во април годинава, Македонија станала домаќин на 2.559 стари коли, 187 камиони и 19 автобуси.

 Kај камионите и автобусите бројките се уште повисоки. Во првиот квартал се увезени 68 половни автобуси и 661 камион. Лани за цела година увозот бил драстично помал. Според официјалните податоци, не само што растат бројките на увоз на половни возила, туку се зголемува и увозот на нови автомобили. За четири месеци во земјава влегле 1.488 нови патнички возила. Во

 

Министерството за економија велат дека по 1 јули граѓаните во земјава ќе можат да увезуваат само употребувани и нови возила со стандард Евро 4. - Сите заинтересирани до крајот на месецов може да увезуваат со Евро 3. По овој датум во земјава ќе влегуваат само возила со стандард Евро 4. Може да се прави увоз на сите категории - патнички возила, минибуси, автобуси, возила за превоз на стоки (камиони), возила со две и три тркала - велат во ресорот

 
 
13.06.2016 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега