Крвава драма во Скопје: Го искасапиле со нож - скопјанец се бори за живот
Вистинска драма се одвивала во 22 часот во Скопје кога во куќата на 60-годишниот О.Ш. и 31-годишниот М.Ш. влегле двајца насилници. Според податоците од полицијата се работи за Р.Р.и И.Р. кои со употреба на нож и дрвена палка ги нападнале станарите.
Од страна на полициски службеници Р.Р. и И.Р. се приведени и пронајдени се нож и дрвена палка кај нив, додека О.Ш. и М.Ш. со возило на Итната помош се пренесени во Ургентниот Центар. На таткото му се констатирани три убодни рани во градниот кош и три убодни рани во абдоменот и за жал се наоѓа во животна опасност, додека неговиот син се здобил со расекотина на ногата.
Причина за хоророт е тоа што младиот М.Ш. ја раскинал љубовната врска со ќерката на Р.Р. односно сестрата на И.Р.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа