Крвава ноќ во Тетово: Го ставил пиштолот под перница а тој пукнал

 

Тетовчанец за малку самиот ќе се убиел откако му се репетирал пиштолот. Пет минути по полноќ во Клиниката во Тетово бил донесен 59-годишниот Ф.А. од селото Порој кој имал повреда од куршум во надколеницата.

Тој во својот дом го ставил пиштолот ЦЗ М57 ТТ,  калибар 7,62мм кој го поседувал со дозвола, под перница, при што пиштолот испукал еден куршум кој го повредил во надколеницата.

Увид на лице место извршила екипа од полицијата.

Поради сериозните повреди тетовчанецот е пренесен на скопските Клиники.

 
 
16.06.2016 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега