Голема трагедија на Пчиња: Жена пронајдена мртва

Безживотно тело на возрасна жена која пред еден месец била пријавена за исчезната пронајдено е вчера во водите на реката Пчиња во атарот на селото Војник, Кумановско.

Како што соопшти денеска МВР,  случајот го пријавил случаен минувач, кој вчера околу 16:30 часот, го забележал телото во водите на реката.
 
Жената родена 1941 година била жителка на селото Младо Нагоричане.
 
Екипи на територијалната противпожарна единица го извадиле телото на починатата од реката, а увид извршила увидна екипа на СВР Куманово.
По наредба на основен јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.
 
 
17.06.2016 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега