Гореше викендичка во Шитп

Изгоре викендичка во близина на Штип. Околу 15 часот вчера од засега непознати причини се запалила сува трева која била во близина на викенд куќата сопственост на И.Н.(64) од Штип.

Огнот ја зафатил кровната конструкција од куќата која целосно изгорела. Пожарот бил изгаснат од екипа на ТППЕ-Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 
 
17.06.2016 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега