Пронајдени два трупа - трагедии се нижат викендов во Македонија

Крвав Духовден во Македонија. Во текот на вчерашниот ден се случија многу трагедии.

Околу 10  часот над село Чифлик – кочанско, бил пронајден починат 69-годишниот Г.Д. од селото Кучичино, кој пред два дена околу 09:00 часот со коњска запрега се упатил кон „Солен дол“ да сече огревни дрва, по што исчезнал.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани, а по наредба на Јавното обвинителство телото на починатиот е предадено за обдукција.

Безживотно тело на возрасна жена која пред еден месец била пријавена за исчезната пронајдено е вчера во водите на реката Пчиња во атарот на селото Војник, Кумановско.

Како што соопшти денеска МВР, случајот го пријавил случаен минувач, кој вчера околу 16:30 часот, го забележал телото во водите на реката.
 
 47-годишната жена била жителка на селото Младо Нагоричане.
 
Екипи на територијалната противпожарна единица го извадиле телото на починатата од реката, а увид извршила увидна екипа на СВР Куманово.
 
По наредба на основен јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.
 
 
18.06.2016 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега