Куче предизвика страшна сообраќајка во Кочани

Во 10 часот во текот на вчерашниот ден на улицата 1-ви Мај во Кочани се случила страшна сообраќајна незгода. Во несреќатаво 68-годишниот С.Н. од Кочани управувајќи Мопед „АПН-6“ со штипски регистерски ознаки бил каснат од куче  при што изгубил контрола над мопедот и удрил во паркирано возило на 67-годишниот Љ.Т. од Кочани.

Во незгодата возачот на мопед се здобил со тешки телесни повреди како скршеница на колено на лева нога,  по што му била укажана лекарска помош во болницата во Кочани, од каде бил пренесен на Клиниките во Скопје за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полицијата.

 
 
18.06.2016 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега