Битолчанец доживеа хорор

Полицијата од Битола поднесе кривична пријава против И.Н.(47) од Битола, поради предизвикување на опасност.

Имено тој вчера околу 04:00 часот, дошол на паркинг просторот наспроти Основното училиште „Климент Охридски“ до паркираното патничко возило „Хјундаи“ сопственост на Н.Ѓ.(52) од Битола и истото го потурил со запалива течност по што го опожарил.

Од опожарувањето на возилото зафатено и оштетено било и патничко возило „Мерцедес“ сопственост на А.Ф. од Битола, а предизвиканата штета е во висина од 142.000 денари.

 
 
21.06.2016 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега