Пожар пепелоса болница во Босна - докторите и храбри граѓани спасувале новороденчиња
Синоќа избувнал пожар во болница во Бихаќ, Босна. За среќа иако болницата изгорела, човечки жртви нема.
Вработените и докторите, како и храбри граѓани од пламените јазици спасувале пациенти и новороденчиња.
Пожарот најпрво го зафатил педијатриското одделение.
Евакуираните 400 пациенти, се преместени во блиските болници.