Акција на полицијата во Гостивар: Пронајдени пушка и муниција

 


Вчера во 13.45 часот, по добиена судска наредба, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле претрес во дом и други простории на Р.А. (66) во с.Равен, гостиварско, поради основано сомнение за сторено кривично дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од КЗ.

При претресот биле пронајдени една пушка и седум куршуми, за кои не поседувал дозвола.

Со Р.А. е извршен службен разговор и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

29.05.2025 - 13:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега