Изгоре плевна во тетовско
Вчера во сeлото Желино – Тетово, настанал пожар во плевна, сопственост на 57-годишниот И.У. од истото село, при што изгорела целата покривна конструкција и околу 2.000 бали јонџа и околу 200 бали сено.
Пожарот е изгаснат од екипа на Противпожарната единица Тетово, а причина за пожарот по кажување на сопственикот, е електрична енергија од далековод кој му поминувал близу плевната.
Материјална штета е околу 900.000 денари.
Увид на лице место е извршен од страна на екипа од полицијата во Тетово.
29.06.2016 - 14:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа