Мртов маж пронајден во бунар - ќе се утврдуваат причините за смртта на Кумановчанецот
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово изврши увид на место во близина на црквата „Света Мина“ во село Добрашане, каде во бунар кој се наоѓа во борова шума е пронајдено безживотно тело.
Во координација со Министерството за внатрешни работи, нуркачи го извадиле телото на кое што била видлива прострелна рана на десната слепоочница. На местото се пронајдени траги од крв и една чаура.
Лицето е идентификувано и се водело како исчезнато неколку дена. Надлежниот јавен обвинител издаде наредба за обдукција на починатото лице, како и наредба за вештачење на материјалните траги пронајдени на местото на настанот.
За случајот осомничено е едно лице, кое е задржано во полициска станица и за кое е нареден претрес на неговиот дом
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа