Детенце од Тетово почина во бизарна несреќа: Соседите велат местото е проколнато

 

Жителите на тетовското село Вратница се простија од седумгодишното детенце кое почина на лице место откако врз него падна метална капија. Жителите се потресени од настанот кој ја окова Македонија во црно. 

Како што пишува Утрински, детенцето во вторникот околу 19 часот излегло за да си игра со другарчињата. Тие си играле близу капијата во сопственост на иселеник во Детроит. Вратата во еден момент се откачила и се случила кобната несреќа. Двеет девојчиња кои биле со детенцето веднаш притрчале да повикаат помош. За жал, за детето било предоцна.

Жителите на селото за Утрински велат дека местото е како проколнато. Ова е втор ваков случај во кој умира дете. На 27 март годинава, паѓајќи во када и удирајќи се во задниот дел од главата почина 12-годишно девојче.

 

 
 
30.06.2016 - 08:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега