Хорор до црква, насекаде крв: Откриен идентитетот на трупот најден во Куманово
Во 20 часот и 5 минути во Куманово се одвивал хорор кога 29-годишниот Ф.Д. пријавил дека до бунарот кој бил во близина на црквата Света Мина, имало траги од стапала и од крв. Полицијата околу бунарот пронашла траги слични на крв, а до бунарот пронајдена била една испукана чаура од непознат калибар. Во внатрешноста бил пронајден непознат машки труп кој бил изваден од бунарот.
Утврдено било дека се работи за 31-годишниот Б.И. од Куманово кој во пределот на лицето имал рана најверојатно направена од огнено оружје. Тој бил пријавен за исчезнат на 26 минатиот месец.
Телото ќе биде дадено на обдукција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа