Македонската полиција на нозе: Исчезнаа 4 лица - меѓу нив малолетник
Полицијата е на нозе, четири лица исчезнаа исе трага по нив.
Во 14 часот и 30 минути во Полицијата во Куманово, 33-годишниот Р.Ц.од селото Младо Нагоричане-Куманово, пријавил дека претходниот дена во 10 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот татко. Се работи за 63-годишниот М. Ц. по кого полицијата трага.
Исто така, во 14 часот во Куманово, 67-годишниот А.З. од селото Черкези пријавил дека на 24 месецов околу 15 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата невенчана сопруга 44-годишната Е.Ф. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Во 12 часот во Полицијата во Гостивар, 53-годишниот С.Б. од селото Србиново-Гостивар, пријавил дека на 26. околу 14 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата 17 годишна ќерка, а истиот ден и К.П. од Радовиш, пријавила дека околу 06 часот од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот сопруг. Се работи за 52-годишниот Г.П.
Полицијата трага интензивно по лицата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа