Фатени крадците кои оперираа во Скопје - си добија казна затвор

СВР-Скопје-Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција до надлежното Основно јавно обвинителстви, за два одделни случаи, поднесе кривична пријава против лицето 65-годишниот Ѓ.С. од Скопје, како и против 21-годишниот И.М.Е. и 57-годишниот М.Ј.Г. бугарски државјанки кои краделе.  Во првиот случај на пријавениот Ѓ.С. од страна на судија на претходна постапка одредена му била мерка притвор во траење од осум дена, во вториот случај за двете бугарски државјанки Судија на претходна постапка  на истите им одреди мерка една година затвор, условно за три години, протерување и забранет влез во Македонија во времетраење од 10 години.

Според документираните сознанија во првиот случај Ѓ.С. кривичното дело го извршил околу пладне на подрачје на Центар, на автобуската постојка наспроти хотелот “Холидеј Ин“, на тој начин што искористувајќи ја гужвата при качување во автобус и невниманието на оштетениот, со протнување на рака во џеб од палтото му го одзел мобилниот телефон, со што се стекнал со имотна корист во висина од околу 3.000 денари. Но пријавениот веднаш по извршувањето на кривичното дело  е забележан од страна на инспектори од Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар по бил приведен.

Во вториот случај, на 14.06. околу пладне, во автобус кој се движел на релација од автобуската постојка кај  Зелен пазар до автобуската постојка кај “Рекорд“, горепријавените И.М.Е. и М.Ј.Г. го забележале оштетениот и искористувајќи ја гужвата во автобусот и  невниманието на оштетениот, се доближиле до него, и додека второпријавената се туркала во оштетениот со цел да му го одвлече вниманието, првопријавената со протнување на рака во левиот џеб од пантолоните  му го украла  паричникот  со пари и лични документи, стекнувајќи се со противправна имотна корист во висина од околу 5.000 денари. При извршување на кривичното дело, пријавените биле забележани од страна на Полициски службеници и приведени.

Со потврда украдениот паричник им бил одземен и истиот бил вратен на ошттениот.

 
 
02.07.2016 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега