150 долари за вечера со Премиерот Груевски
Премиерот Никола Груевски ќе биде почесен гостин на гала вечерата која ќе се одржи утре во хотелот „Александар Палас“ во организација на Обединетата македонска дијаспора, по повод четвртата глобална конференција која деновиве се одржува во Скопје.
Вечерата е посветена на премиерот, а предвидено е дијаспората на Груевски да му врачи награда за неговата јавна служба и за промоцијата на Македонија.
Цената на билетите е 150 долари, пари кои одат како донација за активностите на ОМД. Организаторите очекуваат стотици гости од 26 земји каде живеат македонските иселеници.
Приемот е планиран од 19.30 до 20.30 часот, а официјалната програма започнува од 20.30 часот до 22.30 часот, за кога е предвиден перформанс од областа на културата и танцување
26.07.2013 - 23:22