И покрај забраната вриеше од луѓе: Нема да се прават дополнителни испитувања на Дојранското Езеро ако некој не го побара тоа

Институтот за јавно здравје стои зад анализите на водата во Дојранското Езеро и нови анализи нема да се прават. Како што изјавуваат од таму за Телеграф откако туристите и локалната власт искажаа недоверба кон резултатите и продолжија да се капат во загадената вода, нови анализи нема да се прават додека некој не го побара тоа.

- Доколку некој не верува во испитувањата што ги прави акредитирана институција како Институтот, во Велес и во Скопје, нека се обрати во референтна лабораторија. Но, треба да се внимава, има протоколи, како се зема вода за испитување, од каде се зема... Кога ги правевме анализите, резултатите беа такви какви што ги прикажавме. Ако е преземено нешто на теренот, може за извесно време да се добијат и други резултати. Од нас досега никој не побара да направиме нови анализи - вели Шабан Мемети, директор на Институтот за јавно здравје, за Телеграф.мк.

За потсетување, испитувањето на водата од Дојранското Езеро, според кое на одредени мерни места има бактериолошка и хемиска неисправност, било на барање на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а градоначалникот на Дојран, Борче Стамов, минатата недела рече дека е зачуден од резултатите и најави дека Општината ќе побара дополнителни испитувања.

Туристите и покрај забраната за капење на четири плажи викендов влегоа во вода.

 
 
12.07.2016 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега