Не излегувајте од дома - Македонија во жолта алертна фаза

Денеска е четврток, 14 јули 2016 година, 196-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 170 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 10 минути, а ќе зајде во 20 часот и 8 минути.

Денов трае 14 часа и 58 минути.

Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 15 часот и 6 минути, а ќе зајде во 1 часот и 9 минути.

 Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, особено во источните делови. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од западен и југoзападен правец. УВ индексот ќе изнесува 9.

Утринските температури ќе се движат од  14 до 22, а  дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 33 до 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу  топло со слаб ветер од западен правец.

Температурата ќе се движи од 20 до 39 степени.

Во петок попладне ќе настапи значителна промена на времето кога на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Врнежите ќе бидат пообилни преку ноќта кон сабота, особено во северните делови. В петок кон крајот на денот ќе почне да дува северен ветер кој повремено ќе се засилува и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно, ветровито и доста посвежо време со локални врнежи од дожд.

Од понеделник се очекува повторно стабилизирање со постепен пораст на температурата.

 
 
14.07.2016 - 07:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега