Фатен монструмот кој остави мртов човек на улица во Кавадарци

 

Дваесет и шестгодишниот Х.А. од Возарци со возило „ауди А-3“ удрил во таксистот од Кавадарци, кој утринава беше пронајден мртов покрај своето такси возило во кавадаречко, информираа од МВР.

- Во периодот од 2 часот и 30 минути до 5 часот изутрина на патот од Кавадарци кон кавадаречкото село Возарци, возило „ауди А-3“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од 26-годишниот Х.А.  удрило во 56-годишниот Г.К. од Кавадарци, соопштија од МВР.

Полицијата работи на целосно расветлување на случајот. 

 
 
20.07.2016 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега