ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева и послушниците на Заев се изживуваат со градоначалникот Талески

Ниту постои било каква вина кај градоначалникот Владимир Талески, ниту пак тој се обиде во изминативе 30 дена да избега или да влијае на истрагата, откако по барање на Катица Јанева му беше изречена мерка куќен притвор. Напротив, Талески и вчера редовно се појави на покана на СЈО, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во врска со продолжениот притвор на Владимир Талески, градоначалник на општина Битола.

Од чист политички реваншизам, само за да се задоволат деструктивните нагони на Заев и криминалците околу него, Катица Јанева без никаква причина побара на Владимир Талески да му биде продолжен притворот.

Катица Јанева и послушниците на Заев се изживуваат со Владимир Талески, иако општина Битола во законска процедура плаќала по 4,2 денари од километар за ученик, а аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговиот партнер од Куманово Зоран Дамјановски плаќале многукратно поскап превоз.

Во ваквото однесување на Катица Јанева нема правда. Има само политички мотивирана пресметка со неистомислениците на Зоран Заев. За оваа неправда и за политичкиот прогон кој го гледаме некој ќе сноси законска одговорност.

Сега кога патот до изборите е чист и кога просторот за ново бегство на СДСМ е многу мал, паниката кај Заев и Катица Јанева е се поголема. Јасно им е дека единствената алатка во кампањата на СДСМ е партиското настапување на специјалното обвинителство и дека е тотално неуспешна и не поминува кај граѓаните.

Народот ќе си дојде по своето на изборите.

 
 
21.07.2016 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега