Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат Законодавно-правната и Комисијата за надворешна политика.

Пред двете комисии се предлог - законите за ратификација на спогодбите меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Социјалистичка Република Виетнам за ослободување од визи за носителите на дипломатски или службени/официјални пасоши, меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за заемно признавање јавни документи за стекнато образование и за стручни, академски и научни звања и меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Италијанската Република за размена и заемна заштита на класифицирани информации, како и Предлог-законот за ратификација на измените и дополнувањата на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка (консолидирана верзија).

Законодавно-правната комисија ќе расправа и по три барања за давање автентични толкувања од законите за даноци на имот, за градежно земјиште и за изменување и дополнување на Законот за високо образование.

 
 
25.07.2016 - 08:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега