ДИК: До сега пријавени 257 од спорните гласачи

Од Државната изборна комисија информираат дека денеска до 13 часот, преку еден од начините за пријавување на граѓаните чии што записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список, се пријавиле вкупно 257 граѓани.

Од нив 31 лице се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, додека 226 граѓани пријавувањето го оствариле преку веб апликацијата на Државната изборна комисија.

Од вкупно пријавените 257 граѓани, најмногу односно 46 се пријавиле во Чаир, 36 во Аеродром, 25 во Центар, во Карпош 20, во Кичево 14, во Гази Баба, Кисела Вода и Куманово по 11 лица, во Гостивар 12 лица... 

 
 
28.07.2016 - 15:14
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега