Судир во СДСМ: Рената Дескоска не гласаше за она што Радмила Шекеринска го договори

Членката на ИО на СДСМ и заменик претседател на Собранието на Република Македонија, Рената Дескоска денеска одби да одговори на повикот на координаторот на СДСМ, Горан Сугарески да влезе во салата и да го поддржи договорот што го склопи нејзината потпретседателка, Радмила Шекеринска. 

Собранието на Република македонија  во рамки на 113. седница ги изгласа измените и дополнувања на Законот за внатрешни работи, на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за кривична постапка, на Изборниот законик и на Законот за Влада, сите по скратена постапка.

Овие законски измени беа договорени од страна на претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино во насока на подготовка на одржување предвремени парламентарни избори и излез од политичката криза.

Дескоска попладнево директно го оспори кредибилитетот и капацитетот на заменик- претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска откако не гласаше за измените на пржинските закони договорени меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и одби да влезе во салата и за да го поддржи договорот на Шекеринска.

Ваквиот судир во редовите на СДСМ доаѓа откако изминатиов период договорот на Шекеринска претрпе силни критики од низа опозициски поддржувачи кои отворено застанаа против заменичката на Заев и упатија обинувања на нејзина сметка бидејќи сметаат дека договорот е поразителен за опозицијата.

ivor-fb-640x399

baltovski-fb-640x341

sarakinski-fb-640x666

zekoli-fb1-640x927 (1)

 

zekoli-fb1-640x927

 

 
 
28.07.2016 - 23:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега