Се чисти патот за избори: Пратениците ги изгласаа Законите од Пржино

Собранието на Република Македонија во рамки на 113. седница вчера ги изгласа измените и дополнувања на Законот за внатрешни работи, на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за кривична постапка, на Изборниот законик и на Законот за Влада, сите по скратена постапка.  Овие законски измени беа договорени од страна на претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино во насока на подготовка на одржување предвремени парламентарни избори и излез од политичката криза.

Предлагачи на законите беа координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ Илија Димовски и Горан Сугарески, заменик -координаторот на пратеничката група на ДПА Беким Фазлиу и пратеникот Артан Груби од ДУИ.

Во расправата дел од пратениците обвинија дека некои од предложените законски решенија се противуставни, оти во разговорите не се почитувал ниту еден принцип и се урнисале инситуциите.

 
 
29.07.2016 - 08:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега