Клиниката за очни болести ги демантира обвинувањата на СДСМ

ЈЗУ Клиника за очни болести Скопје четврти пат ги демантира пласираните невистини од страна на една мала политичка партија во опозиција.

Во тој контекст и денеска демантираме дека на нашата клиника има т.н.повеќе од 25 пациенти со какви било здравствени проблеми. Од ден на ден се изнесуваат лаги и невистини, а особено сме вчудоневидени како на дрзок и безобразен начин си играат со бројот на пациенти: 15, 25, повеќе од 25 итн, како и со интегритетот на нашата здравствена институција.

4 дена се казнуваат само лаги и дезинформации. Дали причина за сето горенаведено е политички, бизнис или личен интерес исклучиво и само за сметка на тие што ги пласираат, останува да се види! На крајот ви порачуваме: Доволно се грижевте за здравјето на нашите пациенти, Ве молиме повеќе да не се грижите, оставете го тоа на вистинските и докажани професионалци.

А ЈЗУ УК за очни болести ќе продолжи да ја работи својата работа професионално и во континуитет, во интерес на здравјето на пациентите.

Универзитетска клиника за очни болести

 
 
31.07.2016 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега