Уште еден капитален инфраструктурен проект во завршна фаза

 

Уште еден капитален инфрастуктурен проект е во завршна фаза во Берово.

Проектот за изградба на кружна раскрсница на влезот во Берово кој Општина Берово го реализира со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој е проект од огромна важност кој во голема мера ќе ја зголеми безбедноста на сообраќајот во овој дел од градот.

До завршувањето на проектот останаа уште доуредување на тротоарските површини и уредување на кругот каде е предвидено хортикултурно уредување со зеленило со што ќе се постигне комплетност на целиот проект.

Според жителите на Берово овој проект е од исклучителна важност бидејќи влезот на Берово и оваа раскрсница беше со доста лошо сообраќајно решение, а кружниот тек и поставеното осветлување според нормативите за вакви раскрсници е нешто кое беше и повеќе од потребно за овој простор.

Вкупната инвестиција за проектот е 8.530.000 денари кои се обезбедени од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој и од Буџетот на Општина Берово.

 

 
 
01.08.2016 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега