Партиите не го откриваат фаворитот за ад-хок телото за медиуми

Денеска завршува рокот за пријавување на јавниот повик на СДСМ за нивен претставник во ад-хок телото кое ќе ги монторира медиумите во предизборниот период, како и за главен уредник на МРТ. За сега никој не ги открива фаворитите, пишува Дневник.

 Инаку, според договорот, до 20 август треба да се формира телото кое ќе ја надгледува работата на медиумите. Негова главна задача е да следи дали се почитуваат одредбите и дали балансирано се известува за политичкиот процес.

Ова е договореното за медиумите.

 

1.      Законот за медиуми и изборниот закони ќе бидат изменети со амандмани најдоцна 15 дена од денот на постигнувањето на овој договор.

 

2.      АВМУ (Агенцијата за Медиуми) ќе воспостави ад-хок тело кое ќе ги мониторира спроведувањето на изборниот законик од страна на медиумите. Ова ад-хок тело ќе функционира до крајот на изборниот процес а ќе се оформи најдоцна во рок од 30 дена по постигнувањето на овој договор.

А. Ад-хок телото ќе го сочинуваат четири членови. Во консултација со релевантните професионални организации политичките партии ќе селектираат четири членови на телото од кој најмалку еден член ќе биде Албанец. Овие четири членови со консензус ќе го изберат петтиот член во рок од 15 вдена.

Б. Почнувајќи 100 дена пред изборите, Советот на АВМУ треба да ги следи препораките на ново воспоставениот оддел и да дава процедури за медиумите пропишани со законот. Ад-хок телото ќе го набљудува балансираното известување на медиумите за периоди не помали од една недела.

Ц. Прекршувањата на законот за медиуми и на изборниот законик ќе бидат казнувани со казна редуцирана за 50% од пропишаната.

Д. За првото прекршување ќе се испрати предупредување. За наредните прекршувања ќе се изрече редуцирана казна.

Е. Новинарите и медиумите ќе бидат казнувани за изразување на своето мислење. Изразувањето на мислење треба да биде одвоено од информациите.

Ф. Некој медиум не може да биде затворен врз база на одлуките на споменатите процедури.

  3. Четирите политички партии ветија дека ќе ја изменат медиумската легислативи во линија со препораките на Прибе во рок од 6 месеци по изборите.

4.  Во консултација со останатите партии, најголемата опозициска партија ќе номинира главен уредник на информативната редакција на Јавниот Сервис (МРТВ) од експертите во ова подрачје. Откако партиите ќе се согласат дека се исполнети условите за избори, главниот уредник ќе стапи на својата функција 100 дена пред избори.

5. Ќе се направат и законски измени за да се овозможи 24 часовно емитување на албанскиот канал на МРТВ 7 дена во неделата.

 
 
03.08.2016 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега