Повеќе од 20 кандидати пријавени во СДСМ за ад-хок телото и за уредник на МТВ

Над 20 кандидати се пријавиле во СДСМ за членови на ад-хок телото за следење на медиумите и за главен и одговорен уредник на Македонската радио телевизија.

- Во текот на денот ќе извршиме интензивни консултации и координации со професионалните здруженија на новинарите, со граѓанските здруженија, со невладините организации, по што ќе имаме повеќе детали. Она што во моментов можеме да го кажеме е дека над 20 луѓе, професионалци се имаат пријавено на повикот заклучно со рокот што беше вчера, изјави денеска на прес-конференција Љупчо Николовски од СДСМ. 

 
 
04.08.2016 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега