Затрупана жена извлечена жива- укажана помош на стотина повредени

12 тима на брза помош по полноќ интервенирале за повредени луѓе по невремето што го зафати Скопје.

Според информациите на лекарите укажана им е помош на стотина повредени, пациентите се со скршеници, набиеници и посекотини. Спасувачките екипи успеале да спасат и затрупана жена, која за среќа според информациите на лекарите е со полесни повреди.

Во Ургентниот центар било донесено и мртво осум годишно дете, кое лекарите за жал само му констатирале смрт. Екипи на Брзата помош, МВР и АРМ како и екипи на центарот за управување со кризи се на терен и работат на расчистување на пустошот што го остави невремето.

Според официјалните информации од МВР досега се пријавени и шест исчезнати лица, по кои се трага.

 
 
07.08.2016 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега