Сулиш: Не сум ничиј телохранител, додека помагав на поплавените подрачја се праќаат вметнати провокатори

Хајрадин Сулиш на терен им помага на сограѓаните кои претрпеа штети од катастрофалното невреме.

 

По злоупотребите од страна на медиумите блиски до СДСМ и финансирани од СОРОС тој даде изјава за телевизија НОВА каде вели дека не е ничиј телохранител.

Овој граѓанин вели дека политиката не смее да се меша во вакви тешки ситуации и дека се испраќаат вметнати провокатори.

-Праќам апел, ако се меша политиката во ова, срам да им е на сите и на политичари и на кој и да е. Ако се вмеша тука политиката и за овој случај, луѓето тука што поминуваат нема човек кој не пушта солза. Јас на никого не сакам да бидам телохранител. Ниту сум ниту ќе бидам. Јас си ја гледам мојата работа. Грешна е информацијата дека јас со Груевски сум шетал секаде. Тоа што беше прексиноќа, кажав за во Камник шталата што беше дека таму има човек и стока. Јас сум овде координатор, таму носевме багери за да се расчисти. Не е точно дека сум телохранител на Груевски, на Ахмети или на некој друг. Јас сум на работна задача, рече тој во изјава за ТВ Нова.

-Увидов дека е провокатор уште од првиот пат кога почна да ме пцуе, бидејќи јас пред тоа бев саат време таму, чистевме со камион и тој почна да пцуе, а јас се зачудив и прашав кого пцуеш, а тој ми рече- и тебе и Влада и сите што се тука, истакнува Сулиш.

 
 
09.08.2016 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега