Македонец 4 дена не виде дневна светлина - беше 866 метри под земја

Долу, на длабочина од 866 метри, беше мрачно, температурата меѓу 1,5 и 3 Целзиусови степени, но големите и длабоки канали те оставаат без здив. Секако, длабоко под земјата, мислата е дека секогаш нешто би можело да ти се случи, но доколку работиш професионално, ризикот е многу помал

Вака ги опишува за Дневник своите емоции 23-годишниот спелеолог од Прилеп Дарко Неданоски, што ги имал кога деновиве беше дел од спелеолошка експедиција во Хрватска, во втората по длабочина пропаст таму, Словачка Јама. Спелеолози од Македонија, со кои разговаравме, го поздравија неговиот успех при ова истражување, нагласувајќи дека тоа е најголемата длабочина на која се спуштил кој било Македонец досега. Тој исто така не го крие своето задоволство. Се надева дека ова ќе биде почеток на уште поголеми спелеолошки резултати во Македонија, но и во странство.

Четири дена без дневна светлина

Ретко спелеолошко доживување имал со експедицијата во Хрватска.

 - Но, некои делови секогаш ќе се издвојуваат, како огромните вертикални канали, кои ме оставаа без здив кога ќе погледнев надолу и ехото што се ширеше кога требаше да му довикнам на колегата под мене. Тоа што работевме повеќе од 18 часа, а спиевме само малку, знаејќи дека кога ќе станеме мора пак да ги облечеме истите мокри алишта. Тоа што четири дена поминавме долу без да видиме дневна светлина, како и искуството што прв пат  се најдов толку длабоко и помислата уште колку имаме за да излеземе надвор - опиша тој со многу емоции.

Повеќе во ДНЕВНИК

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
10.08.2016 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега