БРАВО: Продиџи ќе донираат за настраданите во поплавите

Момците од Продиџи ја покажуваат својата хуманост.

„Сочувство за настраданите Македонци и оние кои беа погодени од поплавите. Ние ќе донираме во Македонскиот Црвен Крст. Почит за сите жртви, нивните фамилии и сите наши македонски воини. Се гледаме во Охрид на Охрид колинг во недела на 14 август“, е пораката што момците од Продиџи ја испратија до Македонија.

Од Авалон продукција, организаторите на настанот, велат дека не како промотери, туку како Македонци им се благодарни што сами се сетиле и што овој гест е исклучиво на нивна иницијатива.

Секоја чест момци!

 
 
10.08.2016 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега