Медиумските хушкачи на СДСМ фатени во лага- Аголи поставен месец ипол пред поплавите

Медиумските хушкачи на најголемата опозициска партија СДСМ на дело се фатени како безочно лажат. Речиси сите медиуми под контрола на Зоран Заев вчера и денеска оркестрирано излегоа со написи дека споменик на Неџат Аголи бил поставен на скопскиот плоштад во екот на поплавите.

Опозициската телевизија 24 Вести објави прилог дека сега баш во поплавите се поставил споменикот на Неџат Аголи, информација која е целосно неточно.

-Додека стотици граѓани се дават во кал и се без храна вода и облека во центарот на градот се издигна споменикот на Неџат Аголи. Споменикот е забележан вчера вечер и е поставен пред зградата на Телеком близу до споменикот на Методија Шаторов – Шарло, објави телевизија.

juni-agoli640

Сепак, ваквите информации се целосна лага бидејќи споменикот е поставен уште пред повеќе од месец дена, односно на 25-ти јуни, за што ТВ 21 има објавено и видео прилог.

-Во центарот на Скопје, во близина на зградата „Телеком“ синоќа на полноќ беше поставен споменикот на албанскиот деец Неџат Аголи, кој е еден од тројцата албански дејци, чиј споменик требаше да биде поставен во рамки на проектот „Скопје 2014“.  Министерката за локална самоуправа Ширет Елези, рече дека институциите како Град Скопје и општина Центар, соработувале за да се финализира поставувањето на споменикот, објави тогаш телевиизјата.

Дополнително, Општина Центар сега ја манипулира јавноста со тврдењата дека поставувањето не било во нејзина надлежност, туку на леарницата, занемарувајќи го фактот дека лераницата има договор за тоа со Општина Центар.

 
 
10.08.2016 - 23:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега