Спорните гласачи се пријавуваат: ДИК потсетува дека рокот истекува

Заклучно со денеска до 12:00 часот, до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно 4377 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

На следниот линк можете да го следите овој број на поднесени пријави во реално време:

https://prijava.sec.mk/LiveDashboard.aspx

Од нив, 1966 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 2411 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.

 

 
 
12.08.2016 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега