Жителите на Страчинци задоволни од санацијата: Со координација и слога сè се решава
Жителите од селото Страчинци кое е едно од погодените од силното невреме кое го зафати Скопје и околината велат дека се задоволни од работата на надлежните и санацијата на штетите. Според нив со слога и координација сè се решава.
Нив денес ги посети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски придружуван од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и градоначалникот Тони Трајковски.
Воедно во селото, кај училиштето е покриена дупката која се закануаше да го сруши истото.
Дополнително комисија за проценка на штети и земјоделие е на терен во Страчинци каде врши увид.
Министерот Мисајловски информираше дека досега 1.200 проценки се извршени од над 40 тимови кои работат на терен, а активно ангажирани се и 300 градежни машини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа