Демант: Нема казнет командир во Охрид - информацијата е неточна

Не е точна информацијата дека полицаец на својот командир во Охрид му напишал казна за сообраќаен прекршок. Од СВР Охрид за Press24 ја демантираат информацијата која утрово ја објавија неколку локални охридски портали за подоцна истата беше преземена од повеќе медиуми.

„Воопшто немаме таква пријава. Информацијата е неточна“ – велат од СВР Охрид.

Претходно, беше објавено дека полицаец му напишал казна на својот командир во висина од 800 евра откако го затекнал како претекнува на полна линија, а при тоа, управувал нерегистрирано возило.

 
 
15.08.2016 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега