Денеска прва седница на ад хок телото за медиуми

За денеска во 14 часот во Агенцијата за медиуми е закажана првата средба на ад хок телото за медиуми кое ќе биде задолжено да го мониторира новинарското известување во предизборниот период.
Според информациите, членовите денеска треба да имаат конститутивна средба, но со оглед на тоа дека еден од нив се уште е на годишен одмор, не се очекува да биде избран петтиот член и телото да биде комплетирано.
Согласно договорот, четирите членови треба да одберат петти член кој треба да биде етнички Албанец и 100 дена пред изборите да почнат да го мониторираат новинарското известување.
Во телото членуваат, Љубомир Костовски кој работи на проекти на СОРОС и УСАИД, Горан Трпеновски, долгогодишен новинар во Вест, Цветин Чилиманов, поранешен дописник на од Вашингтон и актуелен новинар на МИА и Слаѓана Димишкова, Претседател на Македонската асоцијација на новинари.
Согласно последниот меѓупартиски договор телото треба да се формира пред 31 август, кога партиите треба да дадат оценка, дали се исполнети условите за одржување на избори на 11 декември.

 
 
16.08.2016 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега