Расте интересот: Се повеќе гласачи се пријавуваат во ДИК

На 3 дена пред истекот на рокот, расте бројот на гласачи кои се јавија на активната регистрација во ДИК. Од вчера на пладне до денеска се пријавило 473 лице, што е значителна бројка особено ако се има предвид дека во текот на целиот период се пријавија вкупно 5495 лица.
Рокот за регистрација истекува на 19 август па се очекува во наредните 3 дена, значително да се зголемува бројот на пријавени лица.
Согласно меѓупартискиот договор, 39502 лица беа повикани сами да се пријават во ДИК дека не се фантоми и со лични документи да го докажат своето право на глас.
Според она што беше објавено, најголем дел од овие спорни гласачи се етнички Албанци, па оттаму, најголем дел од регистрираните гласачи се во Чаир, Сарај, Кичево, Тетово и останатите средини каде доминира албанското малцинство.
Доколку се наоѓате на списокот на спорни гласачи (проверете го списокот тука) тогаш можете лично да отидете во подарчната канцеларија на ДИК или во централата во Скопје и со личен документ да го докажете правото на глас, или пак електронски да се регистрирате преку овој линк.
Рокот истекува на 19 август по што сите кои не се регистрирани ќе бидат избришани од избирачкиот список и ќе го загубат правото на глас.

 

 

 
 
16.08.2016 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега