Прва средба на ад хок телото во Агенцијата за aудио и aудиовизуелни услуги

Членовите на новоформираното ад хок тело на Агенцијата за aудио и aудиовизуелни услуги денескa треба да ги подигнат решенијата за именување, што ќе биде и прва средба на ова тело чие формирање беше предвидено со политичкиот договор од 20 јули.

Четворицата членови на телото кои беа предложени од страна на партиите треба со конзензус да се договорат за петтиот член, кој според договорот треба да биде етнички Албанец.

Политичкиот договор предвидува дека Советот на ААВМ ќе ги почитува препораките на ова ад хок тело во врска со балансираноста на известувањето во електронските медиуми во рок од 100 дена до изборите. Мандатот на ад хок телото истекува со крајот на изборите. Договорот предвидува дека периодите во кои ќе се оценува балансираноста на работата на електронските медиуми нема да бидат покуси од една недела, додека евентуалните казни се преполовени.

 
 
16.08.2016 - 11:34
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега