Миновски: Сите граѓани погодени од невремето ќе бидат обештетени

 

За два дена најмалку 1600 граѓани се имаат пријавено во Министерството за финансии и ги имаат оставено своите податоци за деловните банки во кои сакаат да им бидат исплатени средствата кои што се наменети како аванс за надомест на штетата, истакна министерот за финансии Кирил Миновски во вестите на телевизија Сител.

-Ние заедно со службите во Министерството за финансии интензивно работиме на прибирање на овие податоци  и тоа не само преку телефонските линии туку и преку тимот на координатори кои што е присутен на терен. Во континуитет ни пристигнуваат списоци, ние ги внесуваме податоците и се надеваме дека ќе успееме најголем дел од податоците за 2150 граѓани да ги прибереме во текот на денешниот ден и во текот на утрешниот ден да почнеме со исплата на авансот за надомест на штети, рече Миновски и посочи дека сите граѓани кои што беа погодени од невремето ќе бидат опфатени и на сите ќе им биде исплатен авансот.

Министерот упати апел до граѓаните доколку не можат да остварат телефонски контакт со претставници од Министерството поради оптовареност на телефонските линии тоа да го направат преку координаторите кои се  присутни на терен.

-Од кога од страна на Комисијата за проценка на штетите ќе го добиеме конечниот износ на штета по домаќинство ние како Министерство за финансии ќе извршиме исплата на преостанатиот дел, надомест на штета, рече Миновски.

 
 
22.08.2016 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега