ВМРО-ДПМНЕ: Поддржуваме расправа за поплавите - СДСМ ја користи несреќата за политички поени

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е секогаш за дебата во Собранието, затоа поддржува одржување на надзорна расправа за поплавите кои ја погодија Македонија. За ова денеска информираа од партијата преку соопштение.

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како досега, така и сега поддржува дебата и ќе направи сѐ што е во можност, преку дебата и преку постапки во Собранието да им помогнеме на граѓаните во погодените подрачја, иако сме свесни дека СДСМ, како и на пленарната седница, така и сега единствено што сака да постигне е политички да ја злоупотреби оваа тема“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се додава дек СДСМ во недостаток на идеи, програма, кадовски капацитет и низок рејтинг пробува преку поплавата која ја погоди Република Македонија и несреќата која ги снајде граѓаните да прибире евтини дневно-политички поени. 

„Пратениците на СДСМ, наместо да излезат на терен и вистински да им помогнат на граѓаните, се однесуваат како да ликуваат на настанатата состојба, сакајќи сите свои политички неуспеси да ги анулираат со една временска катастрофа која што ѝ се случи на Македонија“, завршуваат од партијата.

 
 
23.08.2016 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега